Дончиќ: Треба да поработиме на слободните фрлања

Кошаркарот на Далас, Словенецот Лука Дончиќ, вели дека слободните фрлања се покажаа како проблематични за неговиот тим во пресметките со Оклахома Сити во плеј-офот во НБА лигата. Маверикс на четвртиот меч имаа дури 11 промашувања од линијата за слободни фрлања.

-Треба да поработиме на слободните фрлања. Имавме реализација од само 52 проценти што е неприфатливо, потенцираше Дончиќ.

По четири меча серијата од втората плеј-оф рунда на Западот, Далас- Оклахила Сити е изедначена, 2:2. Наредниот меч ќе биде на теренот на Оклахома Сити, на 16 мај.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО