Венгер кога првпат го видел Мбапе како игра: „Го имаме новиот Пеле“

Новиот документарец на „Би-би-си“ ја раскажува приказната за фудбалските корени на Килијан Мбапе, со анегдоти од пријателите од детството, колегите фудбалери, селекторот на Франција, Дидие Дешамп и други.

Откако се појави на сцената во Монако, на 16-годишна возраст, францускиот напаѓач честопати се ставаше во ист „кош“ со Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер вели дека кога прв пат кога го видел Мбапе како игра, им рекол на луѓето „го имаме новиот Пеле“.

На 25 години, Мбапе играше во две финалиња на Светското првенство (СП). Како 19-годишен, на СП 2018 година во Русија, тој ја освои титулата и беше прогласен за најдобар млад играч и стана вториот тинејџер кој постигнал гол во финале на СП, по Пеле во 1958 година.

На СП 2022 во Катар, Франција загуби од Аргентина, но Мбапе постигна хет-трик и ги одведе „триколортите“ до пенал рулетот.

На клупско ниво, Мбапе освои седум титули во Лига 1, три француски купа и два Лига купа.

Мбапе порасна во североисточното париско предградие Бонди, сиромашен дел, од каде што потекуваат многу фудбалери, меѓу кои и Вилијам Салиба од Арсенал.

Неговиот стан од детството гледал на стадионот на парискиот тим, Бонди, каде што неговиот татко Вилфрид работел како тренер. Мбапе на 12 години таму го почнал своето фудбалско патешествие.

Како млад тинејџер, Мбапе бил примен во Клерфонтен, францускиот национален фудбалски центар. Елитната академија произведе ѕвезди како Тиери Анри, Николас Анелка, Вилијам Галас, Блез Матуиди и Хатем Бен Арфа.

Во втората година во Клерфонтен, Мбапе почна да привлекува многу интересенти. Францускиот фудбалски новинар, Жилиен Лоренс вели дека тинејџерот имал опции да им се приклучи на Реал Мадрид, Арсенал и на Манчестер јунајтед. Арсен Венгер призна дека се обидел да го убеди Мбапе да дојде во Арсенал.

Во 2013 година, Мбапе го напушта Клерфонтен за да им се приклучи на младинците на Монако. За сениорскиот тим дебитираше во Лига 1, во декември 2015 година, соборувајќи го 21-годишниот рекорд на Тиери Анри и стана најмладиот играч на клубот, на возраст од 16 години и 347 дена.

Во текот на сезоната 2016/17, тој постигна 15 гола на 29 натпревари во Лига 1 за да му помогне на Монако да ја освои титулата, за прв пат по 17 години.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО