Пантер постигнал договор за трансфер?

По три сезони, веројатно е дојдено времето за разделба помеѓу Кевин Пантер и Партизан.

Според последните информации кои се уште се непотврдени, постигнат е наводно договор помеѓу Кевин Пантер и тимот на Макаби Тел Авив, за трансфер од белградската екипа.

Информацијата ја пренесе и српски Спортклуб, кој тврди дека сите услови се договорени и дека наскоро треба да дојде потврдата од самиот играч.

Како за потсетување, тој минатата сезона потпиша нов договор со Партизан, кога сите мислеа дека ќе замине, па на крајот остана.

Под водство на Жељко Обрадовиќ, кој во меѓувреме го направи капитен на Партизан, прв странски капитен во историјата на клубот, ја освои АБА лигата и беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО