Ветувањето на Герет Саутгејт пред ЕП во Германија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, порача дека доколку не го освојат ЕП сега, ќе поднесе оставка.

Деновиве започнува Европското првенство во Германија, а многумина ја гледаат Англија во топ5 фаворитите. Судејки според последниот меч, кој го загубија од Исланд, тоа изгледа доста комплицирано за нив во моментот.

Англија со Саутгејт се пласираше во полуфиналето од СП во Русија 2018 и во финалето на ЕП во 2021 година.

– Ако не победиме, веројатно веќе никогаш нема да бидам овде. Ова може да биде последна шанса за сите нас. Мислам дека половина од селекторите заминуваат од функциите на репрезентациите по ова ЕП. Тоа е природата на меѓународниот фудбал. Овде сум осум години, ако сакаме да победиме големи екипи, мора да постигнувате големи резултати во големите натпревари, порача Саутгејт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО