Јирген Клоп бил подготвен да ја преземе Германија

Јирген Клоп се повеќе се споменува како нов селектор на Германија, по дебаклот на оваа репрезентација на Светското првенство.

Медиумите претходно објавија дека Германија, најверојатно ќе се раздели со Јулијан Нагелсман, бидејќи тој веќе нема толку голема поддршка како кога ја презеде функцијата.

Иако има договор со важност до 2028 година, младиот стручњак ја одби можноста да поднесе оставка.

По неуспехот на германската репрезентација на Светското првенство, за иднината на Нагелсман се зборува се погласно, а токму Клоп се појавува како најголем фаворит за негов наследник.

Според познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, поранешниот тренер на Ливерпул е заинтересиран да ја преземе германската репрезентација доколку добие покана од Германската фудбалска асоцијација (DFB).

Откако го напушти Ливерпул во 2024 година, Клоп беше поврзуван со голем број европски гиганти кои сменија тренери, но секој пат ја отфрнуваше можноста за враќање на клупата.

Досега, германскиот стручњак избегнуваше какви било конкретни коментари на оваа тема.

„Сè уште не сум размислувал за тоа. Разбирам дека моето име се споменува кога се зборува за позицијата тренер, но сега не е време да зборувам за тоа. Немам што да кажам. Имам работа во која навистина уживам. Колку што знам, тоа не е работа со скратено работно време“, рече претходно Клоп, нагласувајќи го и своето почитување кон актуелниот германски селектор, Јулијан Нагелсман.

Според информациите на Фабрицио Романо, Клоп повеќе не е целосно затворен за идејата да седи на клупата на националниот тим.

Наводно, тој е подготвен да разговара со челниците на Фудбалскиот сојуз на Германија, доколку одлучат да направат промена на селекторската позиција.

Foto:MIA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО