(ВИДЕО) Шоу на Јокиќ на пресот по поразот од 45 кошеви разлика. Ги насмеа сите, па и себеси!

Никола Јокиќ на синоќешниот натпревар Денвер нагетс – Минесота тимбервулфс постигна 22 поени и додаде девет скока. Но актуелните шампиони го загубија тој натпревар со огромни 45 поени разлика, 70:115, по што им останува во мајсторката во недела да бараат пат до финалето на Западот.

Серијата од 20:0 од првата четвртина се покажа како клучна за победата на Вулфс. Но и играчите од клупата на Минесота изгледаа подеднакво импресивно во последниот дел кога повторно имаа серија од 24:0 и му дозволија на шампионот да постигне само девет поени за 12-те минути.

Јокиќ по мечот на прес-конференцијата зборуваше за натпреварот, а во еден момент успеа да ги насмее насобраните новинари. Пред Минесота да направи 20:0 и да ги остави шампионите речиси шест минути без кош, Денвер поведе со 9:2 во четвртата минута од натпреварот. „Всушност, ги имавме на 9:2, нели? Тоа за нив во тие моменти не изгледаше добро“, ги насмеа Јокиќ новинарите и себеси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО