Франција на ЕП без низа асови, но се враќа Канте

Селекторот на Франција, светскиот фудбалски вицепрвак, Дидие Дешам изненади многумина со списокот на играчи за Европското првенство (ЕП) во Германија, на кое е во групата со Холандија, Полска и Австрија.

На списокот на Дешам има двајца големи повратници и неколку повредени играчи, но забележливо е отсуството на поголем број помлади играчи и асови во подем.

Нови имиња се левото крило на Реал Мадрид, Ферланд Менди и играчот од средниот ред на Ал- Итихад, Н’Голо Канте (33). Еден од хероите во освојувањето на светската титула во 2018 година не играше за националниот тим цели две години.

Дешам ги повика дефанзивецот на Реал, голманот на Милан и крилниот напаѓач на Баерн, Орелиен Чуамени, Мајк Маињан и Кингсли Коман, и покрај тоа што се повредени.

Забележливо е дека Дешам не покани голем број одлични, млади играчи како и некои што имаа одлични сезони: Мајкл Олизе, Мало Густо, Мо Симакан, Жан Клер Тодибо, Аксел Дисаси, Матео Гвендузи. , Жан-Филип Матета и Муса Дијаби…

Состав на Франција за ЕП 2024

Голмани: Алфонс Ареола (Вест хем), Мајк Маињан (Милан), Брис Самба (Ленс)

Дефанзивци: Жонатан Клаус (Марсеј), Ибрахима Конате (Ливерпул), Вилијам Салиба (Арсенал), Жил Кунде (Барселона), Тео Ернандез (Милан), Ферланд Менди (Реал Мадрид), Бенжамин Павар (Баерн Минхен), Дајот Упамекано ( Баерн Минхен)

Среден ред: Н’Голо Канте (Ал-Итихад), Едуардо Камавинга (Реал Мадрид), Адриен Рабио (Јувентус), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Орелиан Чуамени (Реал Мадрид), Ворен Заир-Емери (ПСЖ), Јусуф Фофана (Монако)

Напаѓачи: Килијан Мбапе (ПСЖ), Бредли Баркола (ПСЖ), Осман Дембеле (ПСЖ), Кингсли Коман (Баерн Минхен), Маркус Турам (Интер), Рандал Коло Муани (ПСЖ), Оливие Жиру (Милан)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО