Бразил ќе биде домаќин на СП во фудбал за жени 2027-та

Бразил е избран за домаќин на Светското првенство (СП) во фудбал за жени во 2027 година, откако ја победи заедничката кандидатура на Белгија, Холандија и на Германија. За првпат СП за жени ќе се одржи во земја на Јужна Америка.

Бразил стана првата нација на која и беше доделена организацијата на СП на отворено гласање, со 119 гласа „за“, и 78 „против“, на Конгресот на ФИФА во Бангкок.

Двете понуди ги исполнуваа критериумите за домаќинство, но понудата на Бразил била подобра во однос на техничките аспекти кои покриваат области како што се стадионите, сместувањето, навивачките зони и транспортот, соопшти ФИФА.

САД и Мексико ја повлекоа заедничката кандидатура во април, велејќи дека ќе се фокусираат на наддавање за СП 2031 година, додека Јужна Африка тоа го стори во ноември.

СП во Бразил, 10-то по ред, ќе биде во истиот формат, со 32 тима, како и СП 2023 година во Австралија и на Нов Зеланд, каде што Шпанија стана шампион

Бразил беше домаќин на СП за мажи двапати, во 1950 и во 2014 година.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО