Торес назначен за тренер на вториот тим на Атлетико Мадрид

Поранешниот шпански напаѓач, Фернандо Торес именуван е за тренер на Б тимот на Атлетико Мадрид. Досега 40-годишниот Торес беше тренер на тимот до 19 години на Атлетико.

Торес имаше славна играчка кариера во која забележа 110 настапи за Шпанија и го освои Светското првенство (СП) 2010 година и Европското првенство (ЕП) 2008 и 2012-та постигнувајќи гол во двете финалиња.

На клупски план, Торес ја почна играчката кариера во Атлетико, пред да се пресели во Ливерпул, а потоа во Челси, за тогаш британска рекордна сума за трансфер од 50 милиони фунти.

Тој имаше краток престој во Милан пред да се врати во Атлетико кон крајот на 2014 година и со нив ја освои Лига Европа (ЛЕ) во 2018 година. Торес се пензионираше во 2019 година откако играше во Јапонија, во Саган Тосу.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО