Роналдо, Модриќ и Ноер го предводат тимот на ветерани на ЕП

Откако се познати имињата на сите фудбалери кои ќе настапат на претстојното Европско првенство (ЕП) во Германија, составен е и тимот од играчи кои имаат над 31 година.

Во тој тим има тројца играчи од германската репрезентација, двајца од Холандија, како и по еден играч од Хрватска, Португалија, Белгија, Англија и од Полска.

Тим на ЕП 2024-та составен од играчи над 31 година изгледа вака:

Голман: Мануел Нојер (38 години, Германија).

Одбрана: Кајл Вокер (34, Англија), Вирџил ван Дајк (32, Холандија), Антонио Рудигер (31, Германија), Дејли Блинд (34, Холандија).

Среден ред: Тони Крос (34, Германија), Лука Модриќ (38, Хрватска), Кевин Де Брујне (32, Белгија), Антоан Гризман (33, Франција).

Напад: Роберт Левандовски (35, Полска), Кристијано Роналдо (39, Португалија).

Финалниот дел од ЕП во Германија ќе стартува в петок, 14 јуни и ќе трае до 14 јули. Натпреварите ќе се играат во 10 града во Германија. Првиот меч е во Минхен, а финалето во Берлин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО