Џејмс ќе пропушти два натпревари

Селекторот на Англија, Томас Тухел, се соочи со сериозен проблем поради отсуството на еден од најважните играчи на Светското првенство.

Десниот бек Рис Џејмс нема да може да ги игра следните два натпревари поради повреда на тетивата.

Фудбалерот на Челзи се повреди на натпреварот против Гана во второто коло од групната фаза.

Тој всушност обнови стара повреда, која ја заработи додека играше за Челзи во март. Тогаш беше надвор од терените речиси два месеци.

Англија игра против Панама во последното коло од групата.

Foto:epa

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО