Тенисот во моментот не му е во фокусот на Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ беше поразен на првиот годинешен гренд слем турнир, во јануари на Австралија Опен, а пред некој ден е елиминиран и од еден од неговите омилени турнири, Индијан Велс.

Тој беше поразедн од младиот и талентиран Лука Нарди, нешто кое предизвика неверување во светот на тенисот, бидејки сепак, младиот италијански тенисер беше рангиран на 123. позиција на АТП листата.

Токму околу тоа, прокоментира сонародникот на Нарди, Бертолучи, за формата на Ѓоковиќ.

– Разговарав со колегите од српски, по се судејки, Новак и не е баш сконцентриран на тенисот во моментот. Веројатно ќе земе некој слободен ден и ќе се обиде да го достигне своето највисоко ниво. Играше лошо во Австралија, како и претходните натпревари, но оваа година не сме го виделе во најдобро светло, порача Бертолучи.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО