Лина Ѓорческа против шпанска тенисерка во првото квалификациско коло за Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, утре ги стартува квалификациите за настап на неофицијалното светско првенство – англискиот Вимблдон.

Нејзина противничка во првата рунда од квалификациите ќе ѝ биде шпанската тенисерка Анхела Фита Болуда, која се наоѓа на 213. место на ВТА ранг-листата и во кариерата има 10 победи на ИТФ турнири.

Оваа година има одиграно четири финалиња и има само една победа. Најдобриот ранг во кариерата ѝ беше 190.место.

Ѓорческа настапуваше во квалификациите за Вимблдон во 2017 и 2024 година, кога завршуваше во првата квалификациска рунда.

Мечот од првото коло треба да биде на програмата утре (вторник), а женските квалификациски мечеви ќе се играат од вторник до 25.јуни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО