Гринвуд ја оживеа кариерата, Хетафе сака да го купи – Јунајтед поставил цена

Проблематичниот фудбалер од Манчестер Јунајтед, но пред се крајно талентиран, Мејсон Гринвуд ја оживеа својата кариера во Примера, односно во тимот на Хетафе.

Неговата иднина останува неизвесна, бидејки се уште нема силен сигнал од Олд Трафорд дали ќе го враќаат назад или дали дефинитивно ќе го продаваат на перманентна база.

За сега не е реално и не е за очекување тој со таква форма да игра и понатаму за Хетафе, но уште понереално сценарио е негово враќање во Манчестер, но тој поседува квалитет и следното лето за него ќе треба да се најде решение.

Хетафе веќе изразил желба да го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед, но тоа е далеку од реализација поради тоа што тој е прескап за шпанската екипа, бидејки има големи финансиски побарувања во вид на плата, а и за неговиот трансфер Хетафе би требале да платат 55 милиони фунти.

Тоа за Хетафе не би бил проблем, но за други подобро стоечки екипи во Европа, нема да биде проблем. Засега за овој играч интерес постоел од Лацио, Челси, Валенсија, Њукасл и Милан, па останува да се види каков ќе биде потегот и одлуката на Манчестер Јунајтед.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО