Таварес и следните три години во дресот на Реал

Центарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес одлучи кариерата да ја продолжи во мадридскиот клуб. Според новинарот Рамон Алварез де Мон, кој е добро упатен во случувањата во клубот, Реал со Тавареш ќе потпише нов договор на три години.

Последниве месеци се шпекулираше дека центарот од Зеленортските Острови би можел на лето да ја промени средината и да замине во Дубаи, кој следната сезона ќе има тим во Еврокупот како подготовка за најавениот настап и во Евролигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО