Бразилскиот репрезентативец Габриел Мартинели, кој го постигна победоносниот гол на вечерашниот натпревар против Јапонија во осминафиналето на Светското првенство, изјави дека е горд и оти тимот продолжува на мундијалскиот турнир со многу самодоверба.
„Ова многу ми значи. Целото мое семејство гледа, пријателите дома, нашите луѓе слават. Пресреќен сум и навистина горд. Оваа победа ни дава дополнителна самодоверба да продолжиме. Мораме цврсто да останеме на земја и ако е така, можеме да очекуваме уште добри работи“, рече Мартинели.
Бразил се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако вечерва во Хјустон ја совлада Јапонија со 2:1.
Јапонија поведе во 29. минута со голот на Каишу Сано, а Каземиро израмни во 56. минута. Победата за Бразил ја донесе Габриел Мартинели во шестата минута од судиското продолжение.
„Се боревме во текот на целиот натпревар и сакавме да ја задржиме топката. Знаевме дека порано или подоцна ќе можеме да се приближиме до голот. Јапонија играше навистина добро во одбраната навистина добро, но ние одлично се снајдовме, ја контролиравме играта и на крајот ја создадовме можноста што ни ја донесе победата“, рече Мартинели.
Foto:MIA