Анчелоти ја повтори култната прослава со пура и очила за сонце

Анчелоти, како што вети, ја повтори култната фотографија на која носи очила за сонце и пуши пура за време на прославата на 36-та титула со Реал (М).

Оригиналната слика датира од 2022 година, кога Реал Мадрид славеше освојување на шпанското првенство и Лигата на шампионите откако го победи Ливерпул со 1-0 во Париз.

На неодамнешната прес-конференција Анчелоти потврди дека има намера да ја прослави новата титула шпански шампион со пура и очила за сонце, како пред две години.

Тој го одржа зборот и уште еднаш ја направи култната фотографија заедно со играчите на Реал Мадрид, Едуардо Камавинго, Винисиус Јуниор, Едер Милитао, Давид Алаба и Родриго.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО