Скалони: Можно е Меси да не игра против Еквадор?

Фудбалерите на Аргентина ги чека мечот со Еквадор во четвртфиналето на Копа Америка, утре рано наутро. Нивниот селектор, Лионел Скалони, не сакаше да открие дали првата ѕвезда на „гаучосите“, Лео Меси, ја санирал повредата.

– Ќе почекаме пред да донесеме одлука за Меси. Имаме опција со Лаутаро Мартинез и со Хулијан Алварез. Тие можат да го почнат меч доколку Лео не биде спремен.

Ќе мораме да почекаме на одлуката. Ако Лео не игра, се’ ќе се промени. Ќе разговарам со него и со лекарскиот тим по што одлучам што ќе правиме, изјави Скалони.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО