Фудбалерите на Германија до крајот на Европското орвенство (ЕП) не ќе можат да бидат во друштво со нивните сопруги или пријателки во клупската база, наведува весникот „Билд“.
По пласманот на „панцирите“ во четвртфиналето, селекторот Јулијан Нагелсман, им забрани на играчите да се среќаваат со сопругите или девојките до крајот на ЕП.
Нагелсман верува дека тие ќе им го одвлекуваат вниманието на неговоѕе избраници кои утре попладне (од 18 часот) ги чека мечот со Шпанија во Штутгарт.