Швјатек надомести 1:4 во третиот сет и се спаси од прерана елиминација во Мелбурн

Светската тенисерка број 1 и првата носителка на Австралија опен, Ига Швјатек (22) од Полска го избегна предвременото елиминирање од првиот годинашен грен-слем турнир во Мелбурн.

Таа беше во „дебела“ негатива, губеше со 1:4 во решавачкиот трет сет, но успеа да го надомести двојниот брејк дефицит и да ја совлада Американката Даниеле Колинс со 6:4, 3:6 и 6:4 во втората рунда.

– Искрено, јас веќе бев на аеродромот за дома. Јас дури и не знам како се вратив во мечот, само сакав да се борам до крај. Навистина сум горда на себе, бидејќи не беше лесно, изјави по мечот Швјатек, четирикратната грен-слем шампионка.

Швјатек во третото коло ќе се сретне со 19-годишната Линда Носкова од Чешка која ја победи Американката Макартни Кеслер со 6:3, 1:6, 6:4.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО