ПСЖ на Мбапе ќе му понуди 100 милиони евра годишно!

На Килијан Мбапе (25) договорот со ПСЖ му истекува на крајот од сезоната, што значи дека тој може да преговара со потенцијален нов клуб. Француската суперѕвезда минатата година беше пред преселба во Реал Мадрид, но потоа изненадувачки ја продолжи соработката со ПСЖ.

Во моментов има многу шпекулации околу неговиот трансфер. Францускиот новинар Даниел Риоло тврди дека ПСЖ ќе му понуди на Мбапе годишна плата од 100 милиони евра.

Според Капологија, неофицијален извор на платите на фудбалерите, Мбапе моментално заработува 72 милиони евра годишно. Најплатен фудбалер во светот е Кристијано Роналдо (38), кој во Ал Наср добива 200 милиони.

-ПСЖ подготвува понуда која не може да се спореди со ништо. Ќе му понудат договор без преседан, нешто неверојатно, што оди над 100 милиони евра по сезона. Значи, нешто што ниту еден клуб нема да може да си го дозволи. Тоа ќе има придобивки за братот, семејството, за сите, вели Риоло.

Од една страна Мбапе ќе има понуда како од антички Рим, античка Грција или од египетските пирамиди.

-Од друга страна е нормалното од Реал, а тоа е договор вреден 30 милиони евра годишно, можеби и малку повеќе што е нормална плата за фудбалерите. На хартија има разлика меѓу двете понуди каква што никогаш не сме виделе. Неверојатно е што ПСЖ  му нуди на Мбапе, истакнува Риоло.

Според Трансфермаркт, Мбапе на фудбалскиот пазар вреди 180 милиони евра, колку што се проценети Џуд Белингем од Реал Мадрид и Ерлинг Халанд од Манчестер сити.

Сезонава Мбапе постигна 26 гола на 25 натпревари, плус четири асистенции. За ПСЖ од 2017 година па досега одигра 285 натпревари, постигна 238 гола и асистираше 102 пати. За француската репрезентација има одиграно 75 меча и дадено 46 голови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО