Штутгарт ќе го откупи договорот на Ундав

По постигнатите 18 гола и 10-те асистенции на 29 натпревари во Бундеслигата, Штутгарт ќе го откупи договорот на Дениз Ундав од Премиерлигашот, Брајтон.

Ундав сезонава го носеше дресот на Штутгарт како позајмен играч од Брајтон, а следната сезона ќе биде со постојан договор кај „швабите“.

Според последните вести, Штутгарт преговара да ја намали првично бараната цена за него од 20 на 15 милиони евра. Се очекува и Ундав да ги прифати понудените услови од договорот и наскоро да го потпише. Ундав има одиграно и еден натпревар за репрезентацијата на Германија.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО