Сериозна порака до играчите и новиот тренер на Рома: Жозе замина, нема повеќе изговори

Група навивачи на Рома запреа дел од играите на „волчицата“, Паоло Дибала и Леандро Паредес, кои доаѓаа на тренинг во Тригори, каде ги чекаше новиот тренер, Даниеле Де Роси.

По отказот на Жозе Мурињо, беше одлучено дека клупската легенда треба да ја преземе Рома, а навивачите на клубот веќе ги имаат првите пораки за играчите и тренерот.

Не е тајна дека навивачите на Рома го обожаваа Мурињо, под чие раководство клубот доби друга димензија, па многумина му се заблагодаруваа кога тој ја напушти тренинг базата.

Додека Дибала и Паредес доаѓаа на тренинг, навивачите попатно им порачаа.

– Време е да покажете мадиња, Мурињо замина, нема повеќе изговори, да си знаете, порача еден од навивачите.

Одговорот на Паредес беше … „Знаеме, знаеме..“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО