Кузмановски: Покажавме дека можеме да бидеме успешни на големите турнири

Ракометната репрезентација на Македонија ја совлада Швајцарија со 29:27 и го заврши Европското првенство (ЕП) со една победа и два пораза, од Германија и од Франција.

Филип Кузмановски одигра одличен меч против Швајцарија и беше еден од најдобрите во редовите на Македонија.

-И пред првенството бевме свесни дека против домаќинот Германија и против олимпискиот шампион Франција немаме некои големи шанси за успех будејќи тие се поквалитетни репрезентации од нас. Против Швајцарија се надевавме на победа, знаевме дека сме подобри.

Оваа победа е одлична за нашата самодоверба, покажавме дека можеме да бидеме успешни на големите турнири, вели Кузмановски.

-Треба да веруваме во себе, сакаме да победуваме, но понекогаш е потребна и малку среќа. Најважно за нас е што со кренати глави се враќаме во Македонија, бидејќи ова беше важен триумф за македонскиот ракомет, изјави Кузмановски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО