Манчестер Сити отвара своја академија во нашето соседство

Актуелниот шампион на Премиер лигата и светот, Манчестер Сити, отвара фудбалска академија во Албанија, тоа го потврди англискиот клуб на својот сајт.

Имено, „граѓаните“ по академиите кои ги инсталираа низ Англија, Шпанија, Франција, Италија, Белгија, Америка, Австралија, Јапонија, Уругвај, Индија и Кина, свој центар ќе отворат и во Албанија.

– Новиот објект ќе користи тренерска методологија на Манчестер Сити, со цел на своите играчи да им пружи фудбалско образование од светска класа, стои во дел од објавата.

Манчестер Сити минатата година стана шампион во светот, а ја освои и толку посакуваната Лига на шампиони, со победа против Интер во финалето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО