Саинц нема да вози во Џеда поради воспаление на слепото црево

Возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор, нема да настапи на трката за ГН на Саудиска Арабија поради воспаление на слепото црево. Него ќе го замени британскиот возач кој се натпреварува во Формула 2, Оливер Берман.

Саинз се чувствуваше лошо пред вториот тркачки викенд, па го „прескокна“ интервјуто со медиумите пред да излезе на патеката. Шпанецот учествуваше на првиот и вториот слободен тренинг, но потоа беше утврдено дека не може да се натпреварува и дека му е потребна операција, а на негово место ќе вози Берман.

Оливер има 18 години, член на академијата на Ферари и вози за Према. Покрај „постојаниот“ ангажман во Формула 2, Британецот е и резервен возач на Ферари, па добива можност да вози во најбрзиот караван.

Берман веќе дебитираше во Формула 1 на крајот на минатата година, кога забележа два настапи за Хас, на првиот тренинг на Големата награда на Мексико и Абу Даби.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО