Аријан Адеми ја заврши репрезентативната кариера

Аријан Адеми се прости од репрезентацијата на Македонија. Одлуката на Адеми ја соопшти , селекторот на репрезентацијата, Благоја Милевски.

Адеми (32) заминува во пензија од лични причини. За својата репрезентација настапи 30 пати и постигна четири гола. Дебитираше во 2014 година, а круна на репрезентативната кариера е настапот на Европското првенство во 2021 година.

„Посебно жалам за отсуството на Аријан Адеми, кој поради лични причини реши да ја заврши репрезентативната кариера. Имав разговор со него, тој е категоричен во својата одлука. Ќе ни недостига како личност и фудбалер. Чувствуваше дека време беше да ги заврши настапите во репрезентацијата. Треба да му се заблагодариме за придонесот. Предложивме да организираме збогување на некој од следните натпревари. На него е да одлучи дали ќе биде против Хрватска во јуни во Риека или на првиот домашен натпревар во Скопје“, изјави селекторот Милевски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО