Килијан Мбапе прогласен за играч на неделата во Лигата на шампиони

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампиони (ЛШ) објави УЕФА на официјалната интернет страница.

Во последниот 1/8 финален натпревар во ова натпреварување со Реал сосиедад (2:1), Мбапе постигна два гола.

Негови конкуренти беа напаѓачот на Баерн, Хари Кејн, кој исто така постигна два гола на мечот со Лацио (3:0). Централниот дефанзивец на Манчестер сити, Мануел Аканџи, кој постигна гол на натпреварот со Копенхаген (3:1), како и централниот дефанзивец на Лајпциг, Вили Орбан, кој постигна гол на мечот со Реал Мадрид (1:1).

Во тековната сезона од ЛШ, францускиот напаѓач настапи на осум натпревари и постигна шест гола. ПСЖ го елиминираше Реал сосиедад со вкупни 4:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО