Рељиќ освои бронза на Г2 Србија oпен

Македонската таеквондистка, Мила Рељиќ освои уште еден медал на Г2 натпреварите. Таа минатиот викенд се закити со бронзен медал на „Галеб Г2 Србија oпен“.

Во првото коло македонската претставничка беше поуспешна од Азербејџанката Мејлин Мамаџада со 2:0 во рунди. Во следното коло таа забележа тесна победа против извонредната српска репрезентативка Ела Мариќ, со 2:1.

Во борбата за медал Рељиќ беше поуспешна од Иранката Хаџиџи Елхам со 2:0, но во полуфиналето загуби од Хрватката, Хелена Кичема.

Ова се нови 7,20 поени за Рељиќ на светската и олимписка ранкинг листа, и трет медал годинава, по оние во Турција и Скопје.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО