(ВИДЕО) Вембањама ја заврши сезоната со неверојатни бројки

Французинот, Виктор Вембањама (20), кошаркарот на Сан Антонио спарс, несомнено ќе биде прогласен за дебитант на сезоната во НБА лигата, бидејќи играше извонредно и забележа неверојатни бројки.

Во првата НБА сезона тој имаше просек од 21,4 поени по натпревар, 10,6 скока, 3,9 асистенции и 3,6 блокади по натпревар. Тој е најдобриот блокер во лигата, 30-ти најдобар стрелец и осми скокач.

Вембањама е висок 2,24 метри, а минатата година пристигна во НБА како пик број 1 на драфтот и од него многу се чекуваше. Спарс имаа комплицирана сезона и завршија на дното на Западот, но Французинот честопати импресионираше.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО