Продолжуваат проблемите за Лук Шо

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, бекот Лук Шо, најверојатно ќе го пропушти и финалето од ФА купот против Манчестер сити, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.

Шо (28) сезонава имаше многу проблеми со повредите поради што настапи на само 15 меча, последен пат пред три месеци против Лутон.

Враќањето на Шо по последната повреда на мускулот се очекуваше на почетокот од мај, но Тен Хаг откри дека дека фудбалерот има нови, дополнителни проблеми во процесот на рехабилитација.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО