ФИФА најавува поостри мерки против расизмот на стадионите

Фудбалерите ќе можат да пријават расистички гест или збор(ови) до судијата на натпреварите со тоа што ќе направат знак Х со рацете, објави ФИФА, како дел од борбата против дискриминацијата што го поткопува спортот.

ФИФА истакнува расизмот ќе биде посебен прекршок во дисциплинскиот кодекс на спортот, со построги санкции, вклучително и губење натпревари!

Глобалниот став против расизмот беше завземен за време на годишниот Конгрес на 211 земји-членки на ФИФА во Бангкок, Тајланд по неколкумесечни консултации со играчи кои биле мета на злоупотреба од противници или навивачи.

Ѕвездата на Реал Мадрид, Бразилецот Винициус Жуниор (23) е еден од најгласните против расизмот во фудбалот. Тој е честа мета на навреди од ваков тип на шпанските стадиони, а неодамна се расплака говорејќи на прес-конференција за борбата против расната дискриминацијат.

Неколку фудбалски натпревари  во Европа беа прекинати во последно време поради расистички инциденти на трибините, понекогаш принудувајќи ги судиите да ги прекинат натпреварите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО