Тиаго и Матип се заминуват од Ливерпул на крајот од сезоната

Фудбалерот од средниот ред, Тиаго Алкантара и дефанзивецот, Жоел Матип ќе го напуштат Ливерпул на крајот od сезоната, потврдија од клубот.

Поранешниот шпански репрезентативец, Тиаго (33) му се приклучи на Ливерпул од Баерн Минхен во 2020 година и забележа 98 настапи.

Матип (32) одигра 201 меч и постигна 11 гола за Ливерпул, од доаѓањето од Шалке во 2016-та. Поранешниот репрезентативец на Камерун беше дел од тимот на Ливерпул кој ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) 2019 година и Премиер лигата следната година, првата титула за клубот по 30 години.

Двајцата играчи сезонава имаа мала минутажа поради повреди. Матип не настапуваше откако ги скина предните вкрстени лигаменти на мечот со Фулам во декември.

Откако ги пропушти првите шест месеци од сезоната поради проблем со колкот, Тиаго се врати на терените во февруари, на мечот против Арсенал, но го повреди мускулот и оттогаш не играше.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО