Паоло Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

9Паоло Монтеро ќе го тренира Јувентус до крајот на сезоната во италијанскиот фудбалски шампионат, соопшти управата на клубот за агенцијата Ројтерс.

Тој доаѓа на местото на Масимилијано Алегри, кој доби отказ пред два дена.

Монтеро, кој е тренер на екипата на Јувентус до 19 години, ќе го предводи првиот тим на натпреварите против Болоња и Монца. 52-годишниот Уругваец освои четири титули со тимот во периодот од 1996 до 2005 година.

„Паоло е легендарна фигура за Јуве како фудбалер. Тој ја носи клупската ДНК и вешто ја пренесува на играчите како тренер. Ти посакуваме успех, Паоло!“, напишаа од клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО