ПСЖ без Мбапе на последниот меч од сезоната во Лига 1

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе беше изоставен од тимот на францускиот шампион за последниот натпревар од Лига 1 против Мец кој се игра вечерва.

Како што е познато, Мбапе ќе си замине на крајот од сезоната и речиси сигурно ќе игра во Реал Мадрид, а се чини дека веќе го одигра последниот натпревар со парискиот тим. Сепак, постои можност Мбапе да настапи во финалето на Купот на Франција против Олимпик Лион следната недела.

На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната. Неколку дена подоцна беше објавено дека мадридскиот клуб очекува официјално да објави договор со играчот пред почетокот на УЕФА ЕУРО 2024 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО