На Германците и не им е многу до ЕП!

На помалку од 10 дена до почетокот на Европското првенство (ЕП) во фудбал во Германија, една анкета покажа дека повеќе од една четвртина од Германците не се заинтересирани за овој настан!

Истражувањето кое го спроведе националната телевизија АРД, покажа дека 27 отсто од жителите на Германија воопшто не се заинтересирани за турнирот, 43 отсто рекле дека се многу заинтересирани, додека 28 отсто се со слабо интересирање.

ЕП 2024 ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во 10 града во Германија. Селекцијата на домаќинот Германија е во групата „А“, со селекциите на Швајцарија, Унгарија и Шкотска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО