Нов фаворит за потписот на Кимих

Играчот од средниот ред на Баерн, Џошуа Кимих би можел да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен (ПСЖ), пренесува Фабрицио Романо.

Според Романо, парижаните го вклучиле 29-годишниот Германец како врвен приоритет во нивната летна агенда за нови засилуцања селекција.

Францускиот клуб ја разгледува и опцијата за играчот од средниот ред на Бенфика, Жоао Невес, но португалскиот тим бара дури 120 милиони евра за него и трансферот на Кимих би можел да биде полесен.

Минатата сезона Кимих одигра 43 натпревари на кои постигна два гола и имаше 10 асистенции. На ЕП 2024, играчот од средниот ред забележа две асистенции на петте натпревари за германската репрезентација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ







НАЈНОВО