Иднината на напаѓачот на Ливерпул, Колумбиецот Луис Дијаз е неизвесна. За Дијаз е заинтересирана Барселона, за која неговиот татко вели син му сонува еден ден да заигра.
Во Ливерпул не се убедени дека тој е долгорочна опција во нивната напаѓачка линија. Дилемата со која се соочува Ливерпул е дали да инвестира во нов напаѓач доколку дојде понуда за Луис Дијаз или да се подготви за нов договор за играчот, па оттаму се’ уште не е јасно што ќе се случува летово.
Минатата сезона Колумбиецот на 37 натпревари во Премиер лигата даде осум гола и имаше пет асистенции .