Тиквеш ги пушти во продажба влезниците за деби натпреварот во Европа

Македонскиот прволигаш Тиквеш од Квадарци за првпат во клупската историја ќе настапи на европската меѓународна сцена.

Кавадарчани како освојувачи на Купот на Македонија ќе ја претставуваат нашата земја во квалификациите за групната фаза во Лигата на конференции (ЛК), а противник во првото коло ќе им биде Бреидаблик од Исланд.

Тиквеш ќе биде домаќин на првиот натпревар, а од раководството на клубот објавија дека од денеска се пуштени во продажба билетите. Тие ќе чинат по 200 денари, односно по 500 денари за ВИП местата.

Натпреварот Тиквеш – Бреидаблик се игра во четврток на националната арена во Скопје, со почеток од 17 часот.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО