Модриќ наместо да слави титула, се изнервира и порача: Претеравте со таа приказна!

Лука Модриќ сезонава не беше во прв план на тренерот Карло Анчелоти, но на дел од големите натпревари сепак имаше запазена улога.

Но во таква ситуација, многу од медиумите редовно известуваа за наводно незадоволство на Хрватот и негово заминување од Мадрид, но наспроти тоа, Модриќ не заминува.

Во 39 година од животот, Лука Модриќ има се уште желба и знаење на терен, но и покрај сето тоа што вчера освоија титула и имаат причина за славје, тој по натпреварот беше крајно лут.

– Сите постојано ми зборувате за моите години, навистина ми е веќе мака од таквите приказни. Се уште играм на врвно ниво и тоа е најважно да знаете, порача Лука Модриќ.

И навистина е така, Модриќ игра на скоро сите големи натпревари и знае тимот што може тој да донесе, а сите овие години најдобро за неговата игра сведочи статистиката и освоените титули.,

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО