Ѓоковиќ беше на работ на провалија – потенцира зошто публиката имала клучна улога

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди следно коло на Ролан Гарос против Италијанецот Лоренцо Мусети, но некако се извлече.

Иако прв поведе, Мусети поведе на 2:1, па потоа српскиот тенисер мораше да прави голем пресврт со цел да обезбеди следна фаза.

– Бев во доста голема невоља, Лоренцо направи да се чувствувам некомфорно на теренот во одредени моменти. Искрено не знаев што да правам на моменти, се враќаше, правеше винери од двете страни, одлично сервираше, немав решение.

– Дефинитивно публиката ме поттурна, на 2:2 почнаа да го скандираат моето име, а јас од тој момент имав голема самодоверба и бев други играч, добив нова енергија. Не знам што да кажам други, до тогаш навиваа за него, а потоа за мене, порача Ѓоковиќ.

Тој раскажа дека кога сите ќе го отпишат, тогаш има најголем инат да успее.

– Мојата животна приказна е дека знам да се заинатам кога ќе ме отпишат. Тоа дополнително ме мотивира, а толку пати низ кариерата покажав дека знам да се вратам, се надоврза Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО