ПСЖ ја лоцира замената за Мбапе – постои само еден проблем

ПСЖ и дефинитивно влегува во процес на обезбедување замена за позицијата на Килиан Мбапе, која мора да биде соодветна.

Како идеално решение во моментов се наметнува името на еден играч, Квича Кварацхелија, фудбалерот на Наполи и репрезентативец на Грузија.

Тој имаше нешто послаба сезона од претходната во Наполи, но и понатаму е еден од играчите за кои се интересираат големи фудбалски екипи од Европа.

Наполи за овој фудбалер бара 100 милиони евра, додека од Париз биле подготвени да понудат само до 65 милиони евра и тоа може да биде камен на сопнување во целиот процес.

Добро познато е дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е тврд орев кога станува збор за високи цифри, па останува само да се види дали ќе ретерираат од бараната сума и ќе се договорат со Наполи, или пак ќе пропаднат сите најави за трансфер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО