Мастерсот во Париз се сели

Мастерс турнирот во Париз од идната година ќе се игра во Арена Дефанс, соопшти Француската тениска федерација, а пренесува официјалната веб-страница на АТП.

Мастерсот во Париз и оваа година ќе се одржи во Арена Берса, која има капацитет од 16.800 седишта. Додека Арена Дефенс има капацитет од околу 23.000 гледачи.

Во соопштението се наведува дека терените во новата сала ќе бидат поголеми и подобри од арената Берса, како и дека распоредот на натпреварите ќе биде подобрен по бројните поплаки на тенисерите поради доцните завршетоци на дуелите.

Досегашниот формат од четири дневни и два вечерни натпревари ќе биде променет во три дневни и два вечерни за да се избегнат одредени дуели кои почнуваат доцна.

-Мастерсот во Париз стана еден од најважните настани на крајот на сезоната. Најдобрите тенисери во светот доаѓаат тука да играат во обид да се борат за финалето на АТП или дури да го обезбедат првото место на крајот на сезоната, изјави директорот на Мастерсот во Париз, Седрик Пиолин.

Годинава Мастерсот во Париз ќе се одржи од 28 октомври до 3 ноември.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО