Гостивар со нов „потрес“ на трансфер пазарот: Донесе Германец од Ханза

Екипата на Гостивар не мирува на трансфер пазарот и лансираше уште една „трансфер бомба“.

Станува збор за Германецот Томас Меизнер кој доаѓа од редовите на Ханза Рошток, а станува збор за 32-годишен дефанзивец

Освен во Ханза, Меизнер во Германија има играно и за Дуизбург и вторите тимови на Борусија Дортмунд и Мајнц, како и во најсилната лига на Холандија каде ги бранеше боите на Вилеам 2 и Ден Хаг.

Еден дел од кариерата мина и во унгарски Пушкаш Академија. Покрај ова засилување, гостиварци зимава се подновија и со голманот Ертен Ерсу од Фенербахче, потоа хрватскиот напаѓач Петар Слишковиќ исто така со искуство од Бундес лигата, како и најдобриот играч на Тиквеш, Иван Ивановски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО