Американскиот кошаркар Вил Бартон потпиша за ЦСКА Москва, објави рускиот клуб кој поради војната во Украина не игра во Евролигата.
Поранешниот член на Денвер Нагетс и соиграч на Никола Јокиќ за прв пат ја напушти татковината и реши да се испроба во Европа.
Во ЦСКА пристигна како слободен играч, бидејќи беше без клуб, а претходната сезона ја заврши во Торонто Репторс.
Бартон најголемиот дел од кариерата го помина во Портланд. Во НБА лигата имаше просек од 11,1 поен и 4,1 скока по натпревар.
Како што е познато тренер на рускиот тим е македонскиот стратег Емил Рајковиќ.