Марк Гасол ја заврши кариерата

Еден од најдобрите шпански кошаркари во изминатите две децении, Марк Гасол (39) објави дека ставил точка на професионалната кариера.

Оваа одлука ја соопшти на прес-конференција што ја свика по тој повод.

Гасол се пензионира како играч на Цирона, на која помогна да влезе во АЦБ лигата и ја задржа таму.

Во својата кариера, покрај бројните титули со шпанската репрезентација, го освои и најважниот клупски трофеј – титулата шампион во НБА.

Гасол придонесе во голема мера за прославата на Торонто во 2019 година, само шест месеци откако беше разменет во клубот од Мемфис. Тој пристигна, се сеќаваме, наместо Валанчиунас и се покажа како совршено засилување во шампионската група која собра прстени благодарение на Кави Ленард.

Гасол освои речиси се што можеше да се освои со шпанската репрезентација: две светски првенства, две европски првенства и два сребрени медали на Олимписките игри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО