Тони Крос: Честитки за новиот клуб на Јирген Клоп

Германскиот играч за врска Тони Крос е полн со пофалби за својот сонародник Јирген Клоп, кој неодамна објави дека на крајот од сезоната го напушта Ливерпул.

По 8,5 години Клоп реши да го напушти Ливерпул со кој освои седум трофеи меѓу кои Премиер лигата и Лигата на шампионите. Иако „црвените“ мака мачат на сите фронтови, сепак се меѓу главните фаворити за освојување на Премиер лигата, Германецот одлучи дека сепак е време да се збогува.

Во најновата епизода од подкастот Ајнфах мал Лупен, во кој Тони Крос и неговиот брат Феликс разговараат на различни теми, вклучувајќи ги и актуелните фудбалски настани, играчот од средниот ред на Реал Мадрид зборуваше за заминувањето на Клоп од Ливерпул.

-Честитки до кој ќе успее да го ангажира Клоп сега, рече тој за тренерот што го смета за „легенда во Германија, Ливерпул и Англија“.

-Иако со години работеше во странство, анкетите би рекле дека тој е убедливо најпопуларниот тренер во Германија, а мислам дека истото може да се каже и сега во Англија. Тоа значи нешто. За сите љубители на Ливерпул и фудбалот, Јирген Клоп е синоним за одредена лојалност, пред се посветеност, љубов кон клубот и успех“, заврши фудбалеро на Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО