Костески: Одигравме најдобро во најважните моменти

Ненад Костески постигна пет гола против Швајцарија и заедно со Марко Митев, беше најефикасниот во македонската репрезентација.

Тој не ја криеше радоста поради позитивниот исход на мечот, последен за Македонија на ова ЕП.

-Голема победа за Македонија, пресреќни сме бидејќи го завршивме првенството со триумф. Швајцарија се врати во игра во второто полувреме, дури и поводе, но ние останавме мирни и се радувавме на крајот. Мислам дека нашата смиреност беше клучна. Одигравме максимално професионално во најважните моменти. На претходните два натпревара не бевме на вистинското ниво, но мислам дека напредуваме од година во година и верувам дека во иднина ќе имаме многу причини за радост, вели Костески.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО