Манчестер Ј. и Баерн на готовс по заминувањето на Покетино од Челси

Маурисио Покетино (52) го напушта Челси, но како што стојат работите, нема долго да биде без ангажман. Манчестер јунајтед и Баерн Минхен се во состојба на готовност по неговото заминување од Лондон, и се заинтересирани за неговите услуги, пипшуваат британските медиуми.

Аргентинецот е примамлива опција на тренерскиот трансфер пазар летово во недостиг на многу искусни, прповереми тренери.

Покетино сезонава го освои шестото место во Премиер лигата со Челси, благодарение на низата од само еден пораз во последните 15 натпревари. Таа форма, и поважно, тактичката софистицираност, го прават интересен за Јунајтед и за Баерн.

Јунајтед размислува дали да го отпушти Ерик тен Хаг, кого во сабота го чека финалето на ФА купот против соседот Манчестер сити. Од исходот на тој меч зависи иднината на Тен Хаг, но има многумина кои веруваат дека ниту победата на „Вембли“ не би била доволна да го задржи на функцијата.

Се смета и дека Баерн го додаде Покетино во потесниот круг на можна замена за поранешниот тренер на Челси, Томас Тухел кој го освои само третото место во Бундеслигата што се смета за неуспех.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО