Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација денеска против Романија го почнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ чиј домаќин е литванскиот град Алитус.
Македонија е дел од групата А во која за противници ќе ги има и селекциите на Германија, Шведска и Ирска.
Воведниот натпревар на македонската репрезентација е закажан за точно напладне во арената во Алитус, по што во деновите од викендот ќе следат пресметките против Германија и Шведска.
Во завршното коло од групната фаза Македонија в среда ќе игра против Ирска.